Дома Топ вести Генијално објаснување зошто е Меси најдобар во светот!

Генијално објаснување зошто е Меси најдобар во светот!

Лионел Меси игра уште една фантастична сезона и синоќа против Манчестер Јунајтед повторно ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот.

За уште едната брилјантна партија, но и сезона на Лео Меси одличен текст објави угледниот „Њујорк Тајмс“, чиј новинар Рој Смит опиша зошто Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е четврта верзија од Меси, ако добро се сеќавам. Меси како крило, Меси како лажна деветка, Меси како шпиц и денешниот Меси, кој не може да го ставите ниту во една категорија. Се прашуваме дали ова е неговата последна метаморфоза. На 31 година, Аргентинецот може да игра каде ќе посака, а фудбалерите на Ернесто Валверде го менуваат обликот за тоа да личи на екипа“, пишува медиумот.

„Во првите 10 минути ја наоѓа најслабата точка на противникот. Потоа се позиционира таму каде што може да направи најголема штета. Никогаш не го форсира. Ретко решава да изведе тешки удари и од преголема далечина. Неговиот софтвер секогаш ја пресметува веројатноста и Меси шутира кога ќе реши дека тоа е најдобрата одлука. Оваа Барселона има многу маани кои сериозни противници можат да ги искористат, но додека ја имаат оваа верзија на Меси, ништо друго не е важно“, заклучи новинарот на „Њујорк Тајмс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул поворно не победи, Клоп и Салах се скараа🎥

Ливерпул и дефинитивно испадна од трката за титулата откако попладнево одигра само 2:2 на …