Дома Фудбал Останато Гвардиола не е меѓу номинираните за тренер на годината

Гвардиола не е меѓу номинираните за тренер на годината

Јирген Клоп, Макс Алегри и Ерик тен Хаг се меѓу метмината номинирани за избор на тренер на годината на наградите „Globe Soccer Awards“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Изненадување е што менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не е меѓу номинираните, иако минатата сезона освои тројна титула во англискиот фудбал.

Селекторот на Алжир, Џамел Белмади е меѓу номинираните откако ја освои титулата во Купот на Африка, а последното тренерско име е Фернандо Сантош, кој со Португалија триумфираше во Лигата на нации.

Номинираните беа изнрани од специјално жири составено од тренери, фудбалери, претседатели на клубови и директори, а како дел од жирито меѓу другите се Фабио Капело, Антонио Конте, Луис Фиго, Ерик Абидал…

Фаворит за наградата е секако Јирген Клоп, кој со Ливерпул се искачи на кровот на Европа, а наградата ќе се доделува на 29-ти декември во Дубаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еве зошто Мбапе сè уште ја нема освоено Лига на шампиони

Кога се зборува за најдобрите фудбалери денес, името Килијан Мбапе речиси секогаш е на врв…