Дома Фудбал Англија Гвардиола: Во една недела можеме да изгубиме три трофеи!

Гвардиола: Во една недела можеме да изгубиме три трофеи!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола им забранил на своите играчи за мислат и да зборуваат за освојување на четири титули оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ веќе го освоија Лига Купот и се борат за трофеите во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампиони. До овој момент ниту еден клуб од Англија не успеал да ги освои сите 4 трофеи во една сезона.

Поради тоа Гвардиола е претпазлив и тврди дека е рано да се зборува за такво достигнување, бидејќи за само една недела можат да загубат се.

„За тоа ќе ме прашате на крајот на април. Овде непрекинато се зборува за четворострука титула, а тоа не се случило никогаш до сега во Англија. Легендарни тимови како Ливерпул, Јунајтед со Фергусон, Челзи со Мурињо и Арсенал со Венгер не успеале да го постигнат тоа. Зошто ние треба да мислиме на тоа?“, истакна Гвардиола.

„Ако играчите и фановите сакаат да сонуваат за тоа, јас нема да им кажам ништо. Се разбира дека сме во битка за сите трофеи, но јас ги потсетив моите фудбалери дека за една недела можеме да ги загубиме сите три трофеи за кои се бориме. Таква е реалноста“, заклучи каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ќе се одложи почетокот на финалето на Светското првенство? Ова би бил сериозен удар за ФИФА

Најдолгото Светско првенство во историјата влегува во самиот финиш. Останаа само уште три …