Дома Топ вести Апсолутна доминација: Меси не е прв само во една категорија во Ла Лига!

Апсолутна доминација: Меси не е прв само во една категорија во Ла Лига!

Лионел Меси игра навистина фантастична сезона во дресот на Барселона и тој е главниот фаворит да ја освои Златната топка оваа сезона.

Доминацијата на Меси е посебно истакната во шпанската Ла Лига каде што скоро и да нема конкуренција.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меси шести пати во кариерата ја завршува сезоната со барем 50 голови. Волшебникот од редовите на Барслона и на 32 години покажа дека може да игра на највисоко ниво, а со оглед на тоа во каква форма игра нема некој кој е блиску до него оваа сезона. Фантастичната сезона има прилика да ја збогати во вечерашното финале од шпанскиот куп (21:00).

Популарниост сајт за спортски резултати „Sofascore“ ги објави статистичките податоци за сезоната во Ла Лига која заврши минатиот викенд, а фасцинира податокот дека Меси е најдобар во седум од осум категории.

Десетката на Барселона постигна убедливо најмногу голови, а одличниот играч за врска на Севиља Пабло Сарабија е изедначен со Меси по бројот на асистенции.

Единствената категорија во која Меси не е прв е успешните дриблинзи, тука пред него е крилото на Селта Софиан Боуфал. Меси зад него заостанува десет дриблинзи.

Во останатите категории конкуренција. Креираше двојно повеќе прилики од Сарабија, има 19 удари повеќе во рамките од голот од второпласираниот соиграч Луис Суарез и дури 159 додавања во завршницата од акцијата од Жорди Алба.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…