Дома Трансфер зона Анчелоти стави крај на сите шпекулации за иднината на Модриќ

Анчелоти стави крај на сите шпекулации за иднината на Модриќ

Лука Модриќ и понатаму прикажува фантастични настапи во дресот на Реал Мадрид, а фудбалскиот свет посебно го воодушеви со асистенцијата за Родриго во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во јавноста се појавија шпекулации за негово можно заминување од Мадрид, се споменуваше Јувентус како можна дестинација. Сега на оваа тема зборуваше стратегот на „кралевите“ Карло Анчелоти.

Анчелоти порача дека Модриќ нема да замине никаде и кариерата ќе ја заврши во Реал Мадрид.

„Модриќ ќе ја заврши кариерата во Реал. Не знам кога ќе се случи тоа, но така ќе биде. Таква е идејата и на клубот и на Лука“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…