Агентот на Николо Заниоло дополнително ги разгоре шпекулациите откако изјави дека не се водат преговори за продолжување на соработката со Рома.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
22-годишниот талент е на мета на Јувентус, Тотенхем и Милан, а медиумите шпекулираат дека на лето ќе ја напушти Рома.




„Што се однесува до евентуално продолжување на договорот со Рома сакам да бидам јасен дека во моментов не се започнати преговори. Николо е целосно фокусиран да ја заврши сезоната на најдобар можен начин. Рано е во моментов да се зборува за нов договор или за евентуален трансфер“, изјави агентот.




Наводно Мурињо веќе дал зелено светло за негова продажба, а споменатите клубови ја започнале битката за неговиот потпис.