Дома Останати Кошарка Почина легендарен НБА-кошаркар: Воодушеви како играч, но ќе се памети и како бизнисмен

Почина легендарен НБА-кошаркар: Воодушеви како играч, но ќе се памети и како бизнисмен

Познатиот кошаркар Џуниор Бриџмен почина на 71-годишна возраст. Бриџмен одигра 12 сезони во НБА, играјќи за Милвоки и Лос Анџелес Клиперс, а кариерата ја заврши во 1987 година.

Иако беше многу почитуван играч, за што сведочи фактот дека Милвоки го повлекоа дресот со број два што го носеше тој, најмногу се памети по она што го постигна надвор од теренот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


По завршувањето на кариерата, одлучи да се посвети на бизнисот. Наместо големите договори во НБА, заработи многу повеќе пари надвор од теренот. Неговата прва голема инвестиција беше ресторан за брза храна, кој брзо стана исклучително успешен. Потоа започна со ширење, станувајќи еден од најголемите франшизни сопственици на ресторани во САД.

Неговиот успех не запре само на рестораните, бидејќи набрзо го прошири бизнисот на уште поголеми хоризонти, вклучувајќи и сопственост над фабрика која флашира Кока-Кола, што му донесе дополнителна финансиска моќ.

Овој неверојатен успех надвор од спортот го направи еден од најуспешните поранешни НБА играчи, со богатство кое далеку надмина она што го оствари како кошаркар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ-шоу во Кина – доби коњска глава, а дали ѝ одолеа на кока-колата? (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари во светот, Никола Јокиќ, ги воодушеви Кинезите со неговото до…