Дома Фудбал Само два играчи во историјата на фудбалот го направиле„невозможното“: Едниот е Меси, знаете ли кој е другиот?

Само два играчи во историјата на фудбалот го направиле„невозможното“: Едниот е Меси, знаете ли кој е другиот?

Во историјата на фудбалот постојат многу великани кои освоиле најголеми трофеи и индивидуални признанија, но само двајца играчи успеале да направат подвиг кој денес се смета за речиси невозможен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лионел Меси и Зинедин Зидан се единствените фудбалери кои го комплетирале тоа што се нарекува “индивидуален квинтупел”, односно освоиле петте најголеми индивидуални признанија кои еден играч може да ги добие во својата кариера.

Станува збор за комбинација од Златната топка, Златната топка на Светското првенство, наградата за најдобар играч на сезоната во Лигата на шампионите, ФИФА признанието за најдобар играч на светот и наградата за најдобар играч на Европското првенство или Копа Америка.

Кога се гледа листата на освојувачи на најголемите индивидуални признанија, јасно е колку е тешко да се постигне овој подвиг, бидејќи тоа бара доминација на клупско и репрезентативно ниво низ различни фази на кариерата.

Лионел Меси до ова неверојатно достигнување стигна благодарение на годините кога беше најдобар играч во светот, особено во периодот во Барселона, но и подоцна со репрезентацијата на Аргентина.

Аргентинецот освои рекордни осум Златни топки, беше најдобар играч на Светското првенство 2014 година, а по освојувањето на Мундијалот во Катар 2022 година дополнително го потврди статусот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ја испрати првата понуда до Манчестер Сити за Родри

Откако вчера стана јасно дека играчот на Манчестер Сити Родри одлучи да ја продолжи кариер…