Дома Фудбал Атлетико Мадрид презема (не)очекуван потег!

Атлетико Мадрид презема (не)очекуван потег!

Атлетико Мадрид продолжува да биде една од главните теми на летниот трансфер период, а од шпанската престолнина пристигна уште една интересна вест.

По бројните шпекулации за можна заминување на Хулијан Алварез, сега во центарот на вниманието се најде уште еден напаѓач на Јорганџиите.

Според информациите на угледниот новинар Матео Морето, Атлетико Мадрид одлучи да го стави Александер Сорлот на трансфер листа.

Норвешкиот репрезентативец повеќе не е недопирлив, па клубот е подготвен да ги ислуша понудите на заинтересираните екипи.

Се наведува дека управата на мадридскиот клуб веќе ја одреди и цената под која нема да преговараат.

Атлетико за Сорлот бара 40 милиони евра, и останува да се види дали ќе се појави клуб подготвен да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси и Роналдо ќе играат заедно еден натпревар?

Лионел Меси и Кристијано Роналдо, фудбалери кои како големи ривали обележаа цела ера, може…