Дома Фудбал После распродажба, време е Њукасл да ја отвори касата, дали има 100.000.000 евра за да ги задоволи Германците?

После распродажба, време е Њукасл да ја отвори касата, дали има 100.000.000 евра за да ги задоволи Германците?

Њукасл подготвува понуда за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Феликс Енмеча, а првите контакти со претставниците на 25-годишниот германски репрезентативец веќе се остварени, пренесува Скај Спорт.

Премиерлигашот е заинтересиран за Енмеча по заминувањата на Бруно Гимарајс и Сандро Тонали, додека англискиот клуб со продажбите на Антонио Гордон, Тонали и Гимарајс обезбеди значителни средства за засилувања.

Гордон премина во Барселона за повеќе од 80.000.000 евра, Тонали во Тотенхем за 108.000.000 евра плус бонуси, додека Арсенал за Гимарајс издвои околу 87.500.000 евра.

Енмеча веќе подолго време е на радарот на “страк’вата” кои во германскиот репрезентативец гледаат потенцијално решение за централниот дел на средниот ред.

Дортмунд, сепак, нема намера да го продаде Енмеча, кој има договор до 2030 година. Спортскиот директор на германскиот клуб, Оле Бук, изјави дека заминувањето на играчот од средниот ред ова лето би било многу малку веројатно.

Според достапните информации, Дортмунд би бил спремен да влезе во преговори само за понуда помеѓу 100.000.000 и 120.000.000 евра.

Енмеча ова лето во договорот имаше излезна клаузула, но таа во меѓувреме истече, англискиот тим беше запознаен со нејзиното постоење, но не реагираше додека беше активна.

Во следното лето, ситуацијата ќе биде различна затоа што Енмеча ќе има нова излезна клаузула во вредност од 80.000.000 евра.

Њукасл затоа сака да реагира веќе ова лето, особено поради потребата за засилување во средниот ред, а ставот на новиот тренер, Матијас Јајсл, во врска со потенцијалното доаѓање на германскиот репрезентативец, сè уште не е познат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул сака да го врзе Нгумоха: И младиот талент е за останување

Рио Нгумоха е задоволен на „Енфилд“, а според Пит О’Рурк, постои заемна желба за нов долго…