Дома Фудбал ГОТОВО Е! Челси носи нов лев бек – трансфер вреден 21 милион евра

ГОТОВО Е! Челси носи нов лев бек – трансфер вреден 21 милион евра

Челси постигна целосен договор за трансферот на левиот бек Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано, објави најпознатиот трансфер-експерт Фабрицио Романо со своето препознатливо „Here We Go!“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според Романо, 28-годишниот шпански дефанзивец ќе потпише долгорочен договор со лондонскиот клуб, а трансферот е вреден 19 милиони евра фиксна сума, со дополнителни 2 милиони евра преку бонуси.

Двата клуба ќе ја финализираат документацијата во текот на денот, по што се очекува трансферот и официјално да биде потврден.

Чаварија во изминатите сезони беше еден од најстандардните фудбалери на Рајо Ваљекано, а со своите настапи го привлече вниманието на Челси, кој продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона.

Со неговото доаѓање, „Сините“ добиваат дополнителна конкуренција на левата бековска позиција и уште една опција во одбранбената линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Истината излезе на виделина: Родри како никој никогаш го понижи Реал, подобро да не доаѓа во Мадрид!

Родри повторно е во центарот на вниманието на шпанската јавност откако тамошните медиуми о…