Дома Фудбал Ова што се случи на другиот крај од планетата најдобро покажува кој е и што е Лука Модриќ

Ова што се случи на другиот крај од планетата најдобро покажува кој е и што е Лука Модриќ

Фудбалерите на Милан во средата одиграа пријателски натпревар против градскиот ривал Интер во австралискиот Перт, а главната тема на друштвените мрежи е Лука Модриќ поради она што се случи за време на овој меч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Европските клубови полнозначно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а интересен натпревар гледавме во средата во Австралија каде што играа градските ривали Милан и Интер.

Но, главната тема на друштвените мрежи е Лука Модриќ кој неодамна го продолжи договорот со Росонерите и иако наскоро ќе го прослави 41. роденден, сѐ уште игра на големата сцена.

Модриќ неодамна се приклучи на подготовките на Милан по летниот одмор, и доби шанса против Интер во второто полувреме.

Искусниот Хрват влезе на теренот во 63-тата минута, а потоа доби неверојатни овации од трибините што најдобро покажува каква големина е Модриќ и на другиот крај од планетата.

На натпреварот имаше и многу хрватски навивачи кои дојдоа да го гледаат Модриќ, а кога тој се појави на теренот, на трибините настана голема возбуда.

На тој начин навивачите покажаа навистина голема почит кон хрватскиот везист што тој добро заслужува поради сè што има дадено за најважната споредна работа на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После распродажба, време е Њукасл да ја отвори касата, дали има 100.000.000 евра за да ги задоволи Германците?

Њукасл подготвува понуда за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Феликс Енмеча, а…