
Откако вчера стана јасно дека играчот на Манчестер Сити Родри одлучи да ја продолжи кариерата во Барселона, каталонскиот клуб веднаш ја испрати својата прва понуда до “Граѓаните”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според “Спорт”, понудата изнесувала 45 милиони евра плус дополнителни 10 милиони во форма на бонуси. Од “Етихат Стадион” очекувано ја одбија оваа понуда, бидејќи според изворот, Сити сака најмалку 65 милиони евра за носителот на “Златната топка”.
На “Камп Ноу” се спокојни, бидејќи веќе го имаат “да” од самиот играч, чиј договор со Сити истекува следното лето. Каталонците сметаат дека во моментов нема друг клуб кој би испратил понуда, откако Шпанецот го сврте грбот на Реал Мадрид. Според “Спорт”, во Барселона си поставија граница од 50 милиони евра како фиксна сума. На нив можат да се додадат уште десетина милиони во форма на бонуси, но не и повеќе.
Клубот веќе ги договори личните услови на Родри, а неговиот агент призна дека светскиот шампион го избрал токму Барселона.
“Од почит кон Реал Мадрид, бидејќи нивното однесување беше класа, Родри ги информираше за својата одлука да се придружи на Барса”, изјави Пабло Баркеро.