Дома Фудбал Англиски репрезентативец обвинет за напад во ноќен клуб – ќе оди на суд!

Англиски репрезентативец обвинет за напад во ноќен клуб – ќе оди на суд!

Англискиот напаѓач Иван Тони е обвинет за напад во ноќен клуб во областа Сохо, соопшти во петокот лондонската Метрополитен полиција, а 30-годишникот треба да се појави на суд во септември оваа година. Обвинението се однесува на нападот кој наводно се случил на 6 декември минатата година во ноќен клуб на улицата Вордоур.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според пишувањето на британскиот Сан, кој објави и снимка од приведувањето на Тони, до судирот дошло кога еден обожавател се обидел да го фати за да направи заедничка фотографија. Сведок на настанот детално ја опиша ситуацијата.

„Тој помина покрај маса на група момци. Еден од нив го препозна и рече: ‘Тоа е Иван Тони’ и се обиде да го фати околу вратот за да се фотографира со него. А тогаш Тони рече: ‘Мрдај се од мене, мрдај се од мене’ и на крајот удри еден од момците со глава,” раскажа сведокот за Сан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Повеќе од шест години по смртта на Диего Марадона, во судскиот процес што се води во Сан И…