Дома Фудбал Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Повеќе од шест години по смртта на Диего Марадона, во судскиот процес што се води во Сан Исидро крај Буенос Аирес, се откриваат нови детали за неговите последни денови. Да потсетиме, легендарниот аргентински фудбалер почина во 2020 година од срцева слабост на возраст од 60 години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На обвинителната клупа се седум здравствени работници од тимот што се грижеше за Марадона, а обвинителството смета дека нивните пропусти и негрижа придонесоа за фаталниот исход. Едно од клучните сведоштва изнесе масерот Николас Тафарел, кој го опиша физичкото и психичкото состојба на Марадона во неделите пред смртта, пишува Газета дело Спорт.

Тафалер пред судиите раскажа дека Марадона “не стануваше од кревет, не сакаше да јаде ниту да се бања”. Објасни дека поради тоа повеќе пати изразил загриженост до медицинскиот персонал и барал лекарите секојдневно да го посетуваат. Неговите тврдења се поткрепени и со аудиопорака која беше пуштена за време на расправата.

За време на сведочењето, Тафарел потврди дека повторно предупредувал за влошувањето на состојбата на Марадона, но никој не реагирал соодветно.

„Укажував на проблемите што ги забележував, но не видов никакви конкретни реакции”, изјави видливо потресен, пренесува Газета. Описуваше и физички симптоми. “Беше надуен, нозете му беа надуени…”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англиски репрезентативец обвинет за напад во ноќен клуб – ќе оди на суд!

Англискиот напаѓач Иван Тони е обвинет за напад во ноќен клуб во областа Сохо, соопшти во …