Дома Фудбал Пресврт во трансферот на Ромеро? Интер нема доволно средства, Атлетико ја следи ситуацијата

Пресврт во трансферот на Ромеро? Интер нема доволно средства, Атлетико ја следи ситуацијата

Аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро сè уште е желба на Интер, но неговиот трансфер од Тотенхем нема да се реализира толку брзо како што се очекуваше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на италијанскиот Sport Mediaset, „Нераѕурите“ во моментов немаат доволно финансиски средства за да го комплетираат договорот со лондонскиот клуб. Пред да тргнат по потписот на Ромеро, Интер ќе мора да реализира продажба на неколку свои фудбалери.

Станува збор за дефанзивецот Павар и играчот од средниот ред Давиде Фратези, чии евентуални трансфери би ослободиле простор во буџетот за ангажман на аргентинскиот репрезентативец.

Во меѓувреме, ситуацијата внимателно ја следи Атлетико Мадрид. Шпанскиот гигант е подготвен да реагира доколку Интер не успее да ги обезбеди потребните средства, што може дополнително да ја искомплицира трката за потписот на Ромеро.

Останува да се види дали Интер ќе успее да ги реализира планираните продажби и да го доведе еден од најбараните стопери на трансфер-пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид презема (не)очекуван потег!

Атлетико Мадрид продолжува да биде една од главните теми на летниот трансфер период, а од …