Шкендија вечерва ќе се соочи со сериозен предизвик во Букурешт, каде што ќе се обиде да ја одбрани минималната предност од 1:0 стекната во првиот натпревар против ФЦСБ, во рамките на второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. Дополнителен притисок врз македонскиот тим се обидува да изврши ексцентричниот сопственик на ФЦСБ, Џиџи Бекали, кој во свој стил предвидува убедлива победа. …