Дома Фудбал Манчестер Јунајтед посакува две големи засилувања! “Црвените ѓаволи” се заинтересирани за ѕвездите на Астон Вила и Лајпциг

Манчестер Јунајтед посакува две големи засилувања! “Црвените ѓаволи” се заинтересирани за ѕвездите на Астон Вила и Лајпциг

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед изрази интерес за играчот на Астон Вила, Оли Воткинс, како и за Бенјамин Шешко од Лајпциг, пренесува БиБиСи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Британските медиуми нагласуваат дека Воткинс и Шешко се на самиот врв на списокот желби на Манчестер Јунајтед, доколку клубот од Олд Трафорд одлучи да се засили со напаѓач во летниот преоден рок.

Дополнително, се истакнува дека раководството на Манчестер Јунајтед е согласен дека клубот треба да се ослободи од неколку играчи, но се додава дека ова можеби нема да се случи пред крајот на преодниот рок на 1 септември.

Астон Вила бара 60 милиони фунти за Воткинс, што е висока сума за Манчестер Јунајтед. Воткинс има договор со клубот од Бирмингем до 2028 година.

БиБиСи известува дека за Шешко се заинтересирани бројни европски клубови. Минатата сезона, Шешко одигра 45 натпревари во сите конкуренции за Лајпциг и постигна 21 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранците не смееле да останат во САД ниту една ноќ, веднаш им било наредено да заминат!

Иранскиот селектор Амир Галенои изјави дека неговата репрезентација само неколку часа по н…