Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт и триумфираше на гости против Викторија Плзен со 1-2.
Чешкиот тим дојде во водство од 1-0 на почетокот на второто полувреме, а најголем виновник за тоа беше голманот на англискиот тим, Андре Онана, кој му подари топка на противничкиот играч.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Хојлунд го израмни резултатот во 62. минута, а потоа со погодок во 88. минута го донесе триумфот за својот тим.
Рома на „Олимпико“ ја совлада Брага со убедливи 3-0. ПАОК беше убедлив против Ференцварош со 5-0. Малме и Галатасарај одиграа возбудлив натпревар кој заврши нерешено 2-2.