Дома Фудбал Рашфорд не е во плановите на Јунајтед, има само една желба за неговата иднина

Рашфорд не е во плановите на Јунајтед, има само една желба за неговата иднина

Иднината на Маркус Рашфорд на „Олд Трафорд“ изгледа сѐ понеизвесна. Според нови информации објавени од реномираниот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо, англискиот напаѓач веќе не е дел од долгорочните планови на Манчестер Јунајтед.

„Клубот го смета Рашфорд за комплетно надвор од својот проект“, изјави Романо на својот YouTube канал, повикувајќи се на извори блиски до управата на „црвените ѓаволи“.

Според него, самиот играч исто така ја гледа својата иднина подалеку од Манчестер.

„Барселона е сон за Маркус уште од првиот ден на летниот трансфер прозорец. Тој сака трансфер во каталонскиот гигант“, истакна Романо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Ливаковиќ е нов голман на Барселона!

Доминик Ливаковиќ официјално стана новиот голман на Барселона. Искусниот хрватски чувар на…