Дома Фудбал Рашфорд, Гарначо, Санчо и уште двајца нема да ги започнат подготовките со Манчестер Јунајтед

Рашфорд, Гарначо, Санчо и уште двајца нема да ги започнат подготовките со Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Џејдон Санчо и Тајлер Маласија го информирале раководството на Манчестер Јунајтед дека сакаат да го напуштат клубот ова лето, информираат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот е свесен за позицијата на фудбалерите и раководството очекувало таква комуникација, па така на „Олд Трафорд“ им дале дозвола на петмината играчи да се вратат на подоцнежен датум во јули, за да имаат можност да ги испитаат своите опции.

Рашфорд беше дел од Астон Вила во пролетниот полусезон, но тимот од Бирмингем одби да ја искористи откупната клаузула. Ситуацијата е иста и со Санчо и Маласија, кои беа соодветно во Челси и ПСВ Ајндховен, каде што двата тима исто така не посакаа да ги откупат фудбалерите.

Гарначо пак влезе во конфликт со Рубен Аморим по изгубениот финал во Лига Европа, а малку подоцна се појавија информации дека тој исто така не влегува во плановите на Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разоткриена вистинската причина за солзите на Меси на СП

ЛИОНЕЛ МЕСИ ја водеше Аргентина до победа на Светското првенство, постигнувајќи хет-трик н…