Дома Фудбал Останато „Бомба“: Тајсон Фјури се враќа од пензија!

„Бомба“: Тајсон Фјури се враќа од пензија!

Тајсон Фјури (36) ќе го прекине своето пензионирање и повторно ќе се врати на боксерската сцена во 2026 година. Оваа вест ја потврди највлијателната личност во светот на боксот, Турки Алашик, кој изјави дека разговарал со „Кралот на Циганите“ и добил уверување дека Фјури ќе се врати следната година.

“Разговарав со него, имам негов збор дека ќе биде дел од спектаклот во Ријад во 2026 година. Имаме уште работа”, изјави Алашик. Последен пат Фјури влезе во рингот минатата година. Во декември, вторпат се бореше против Олександр Усик и загуби со едногласна одлука на судиите. Тоа му беше вториот пораз во професионалната кариера, првиот му го нанесе исто Усик.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој меч се одржа во мај минатата година и беше борба за апсолутен шампион во тешка категорија и најголемата боксерска борба на 21 век. Усик тогаш победи, исто така со одлука на судиите, а Фјури го запиша својот прв пораз. Оствари 34 победи, од кои 24 со нокаут, а последен пат славеше во 2023 година кога ја победи ММА ѕвездата Франсис Нгану.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историски момент за македонската атлетика: Андријана Поп Арсова се пласираше на Светското првенство во Токио!

Македонската атлетика испишува нови страници во својата историја – Адријана Поп Арсова обе…