Eкс-селекторот на бразилската репрезентација, Тите е нов тренер на Фламенго, објави клубот од Рио Де Жанеиро.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тите на клупата на Фламенго го менува Хорхе Сампаоли кој доби отказ по серијата лоши резултати.
„Разговаравме искрено и директно, на крајот преговорите звршија на одличен начин“, изјави првиот човек на Фламенго, Маркос Брас.
Без ангажман Тите беше откако доби отказ од клупата на Бразил по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство. Селектор на Бразил беше од 2016 до 2022 година.