Aргентинецот Жорге Сампаоло по отказот во Севиља стана тренер на бразилскиот гигант Фламенго каде што го наследи Португалецот, Витор Переира.
Сампаоли потпиша за клубот од Рио Де Женеиро до 31-ви декември 2024 година, објави бразилскиот гигант на својот Твитер профил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Севиља Сампаоли доби отказ по само пет месеци поминати на клупата, а сега брзо пронајде нова работа. Поранешниот тренер на Марсеј и селектор на Чиле и Аргентина ќе има нов предизвик во Фламенго кој е еден од најголемите клубови во Јужна Америка.
Темпераментниот аргентински тренер зад себе има искуство воо бразилскиот шампионат бидејќи го водеше тимот на Сантос од 2018 до 2019 година, а потоа и Атлетико Минеиро во 2020/2021.