Дома Фудбал Гимараеш успешно ги мина медицинските прегледи во Арсенал

Гимараеш успешно ги мина медицинските прегледи во Арсенал

Арсенал и официјално го обезбеди потписот на бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараеш. Играчот успешно ги мина медицинските прегледи и ги заврши сите формалности околу трансферот вреден 75 милиони фунти од Њукасл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот играч од средниот ред во наредните денови ќе стави потпис на четиригодишен договор со лондонскиот клуб, по што ќе следува и неговото официјално претставување.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, повторно разговарал со Гимараеш пред официјалната објава, а во клубот веќе ги подготвуваат сите детали за неговото претставување пред навивачите.

Со ангажманот на Бруно Гимараеш, „Топчиите“ добиваат едно од најквалитетните имиња во средниот ред во Премиер лигата, кое треба значително да го засили тимот во пресрет на новата сезона.

Познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо ја потврди зделката со своето препознатливо „Here we go“, што практично значи дека трансферот е комплетно завршен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавени детали: Дали Инфантино планираше да создаде Суперлига на ФИФА?

Меморандумот од октомври 2020 година покажува дека се разгледувало натпреварување со 15 по…