Дома Фудбал Англија Меч на сезоната на Енфилд, Сити го брка последниот воз

Меч на сезоната на Енфилд, Сити го брка последниот воз

Денес во центарот на вниманието ќе биде големото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити кое може да биде клучен натпревар во сезоната во Премиер лигата.

Ливерпул изгледа непобедливо

Ливерпул е еден од тимовите со најдобра форма во Европа и тоа го покажа како во Премиер лигата, така и во Лигата на шампиони. „Црвените“ имаат перфектен старт на сезоната и моментално се лидери со цели осум бода предност пред Манчестер Сити. Малкумина очекуваа ваква форма на Ливерпул особено поради фактот што ова лето пристигна нов тренер, но Арне Слот ги собри сите рекорди. Ливерпул после 12 одиграни кола има десет победи, а пред неколку дена против Реал Мадрид покажа дека е во одлична форма. Проблем може да биде повредата на Конате, кој заедно со Ван Дајк го сочинуваат еден од најдобрите соперски тандеми во Европа. Ливерпул има „бонус“ и може да си дозволи кикс на овој меч, но исто така ова е шанса да стави рака на титулата бидејќи може да избега на огромни 11 бода предност.

Последниот воз за Пеп и дружината


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Манчестер Сити ја има една од најголемите кризи во ерата на Пеп Гвардиола. Веќе неколку кола не знае за победа како во Премиер лигата така и во Лигата на шампиони. Тоа резултираше со пад на табелата, па моментално заостанува цели осум бода. Секако тоа најмногу се должи на повредите на некои важни фудбалери, особено Родри, но сега и самодовербата на тимот е на ниско ниво. Ова е последна шанса за Гвардиола да се врати во игра за титулата бидејќи со победа на директниот конкурент ќе може да направи пресвртница на сезоната. Тоа во моментов изгледа тешко бидејќи Сити е во серија од три порази по ред, а минатото коло против Тотенхем јасно се биде дека многу работи во тимот не фукционираат. Сепак „граѓаните“ не навикнаа изминатите години да бидат најдобри кога е најпотребно.

Очекување

Формата и домашниот терен се на страната на Ливерпул, но Сити нема лесно да се предаде и ова за нив е клучен натпревар, па очекуваме неизвесен но ефикасен меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Манчестер сити го комплетираше четвртиот најголем трансфер во својата историја!

Омар Мармуш (25), досегашениот напаѓач на Ајнтрахт од Франкфурт, потпиша за Манчестер Сити…