Дома Фудбал Останато Oгромни бројки: Еве колку ќе заработат Џошуа и Фјури од спектаклот во Велс

Oгромни бројки: Еве колку ќе заработат Џошуа и Фјури од спектаклот во Велс

Британските тешкаши Ентони Џошуа (30-4, 27 нокаути) и Тајсон Фјури (36-2-1, 25 нокаути) конечно ќе се најдат лице в лице на 11 декември во Кардиф.

За оваа историска пресметка е избран Принсипалити, националниот стадион во Велс, кој има капацитет од 74.000 седишта, што за големи боксерски настани како овој може да прими до 80.000 гледачи. Со ова е ставена точка на повеќемесечните преговори околу местото каде што ќе се сретнат двете најголеми британски тешкашки ѕвезди.

Иако повеќе не се на располагање појаси, а главните актери не се во зенитот на својата кариера, интересот на публиката и глобалната популарност на Џошуа и Фјури обезбедуваат нивната пресметка да остане голем спортски и маркетиншки спектакл со значителен комерцијален потенцијал.

Или, речено поинаку, игра се за големи пари — што се потврдува и од првичните извештаи на британските медиуми за тоа колку би можеле да заработат овие двајца влегувајќи во рингот под светлата на Принсипалити, кој е адаптиран за американската публика со почеток околу 3 часот наутро.

Според тие извештаи, „AJ“ и „Gypsy King“ ќе заработат по нешто повеќе од 87 милиони евра секој од оваа мегданска пресметка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бакочевиќ жестоко му се закани на Голубовиќ: „Деведесеттите ги преживеа, ама ова тешко“

Васо Бакочевиќ со самодоверба го најави егзибицискиот дуел против Кристијан Голубовиќ, кој…