Дома Фудбал Се огласи првиот човек на Манчестер Сити: Невини сме и ќе го докажеме тоа!

Се огласи првиот човек на Манчестер Сити: Невини сме и ќе го докажеме тоа!

Претседателот на Манчестер Сити, Калдун Ал Мубарак, во саботата ги увери навивачите дека клубот сѐ уште верува дека ќе ја докаже својата невиност во процесот кој што го води Премиер лигата по повеќе од 100 наводни финансиски прекршоци.


Во писмото до навивачите, Ал Мубарак истакна дека постапката е далеку од завршена и дека ставот на клубот е непроменет. Тој изјави: „Постапката на Премиер лигата има долг пат пред себе, а нашата верба и решителност да ја докажеме невиноста на клубот се исто толку силни како и на почетокот.”

Тој додаде дека поради доверливи услови не може да открива повеќе детали, иако, како што наведе, би сакал да објасни зошто клубот е уверен во својата позиција. Во истото писмо истакна: „Додека некои луѓе брзо носат свои заклучоци и додека околу нас се шири голема бучава, ништо не се промени.”

Премиер лигата во февруари 2023 година го обвини Манчестер Сити дека во периодот од 2009 до 2018 година давал погрешни информации за своите финансии и дека не соработувал во истрагата. Случајот трае повеќе од три години, а британските медиуми претходно објавија дека, ако клубот го изгуби спорот, казните би можеле да вклучуваат значително одземање на бодови или дури и исфрлање од највисоката ранг на англискиот фудбал.

Прашањата околу работењето на клубот се засилија откако германскиот магазин Der Spiegel од 2018 година објавува наводно протечени е-пошта и документи поврзани со приходите од Абу Даби. УЕФА во 2020 година заклучи дека Сити сериозно ги нарушил правилата на финансиски фер-плеј од 2012 до 2016 година, но Судот за спортска арбитража подоцна ја укина двегодишната забрана за настапување во европските натпревари.

Во последните 15 години, Манчестер Сити е најуспешниот клуб во Англија, со осум титули првак од 2012 година и титулата европски првак од 2023. Во периодот на кој се однесува истрагата на Премиер лигата, клубот ги освои титулите во 2012, 2014 и 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах нема да игра за Египет поради вештачка трева

Мохамед Салах нема да патува со египетската репрезентација на нивниот втор квалификациски …