По објавувањето на списокот фудбалери за натпреварите со Ерменија и Летонија, селекторот Благоја Милевски зборуваше и за своите очекувања.
Според Милевски по воведните два натпревари, Македонија се прашува за првото место во групата.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Пред нас се уште четири натпревари и секој натпревар е подеднакво важен. Гостуваме на Летонија и Ермениај, ме радува тоа што се зависи од нас и се надевам така ќе остане и по овие две средби. Во овој момент Македонија се прашува за изгледот на табелата, ќе бидеме задоволни ако по овој собир останеме на првото место“.
Македонија и на овој собир има проблеми со повредени играчи бидејќи отсуствува Кристијан Трапановски, а поради жолти картони кај одбранбените фудбалери повикан е Андреј Стојчевски за кого ова е дебитантски повик.
„Сум го кажал ова многу пати и стојам зад оваа теза, во моментов ми е најважно здравјето на фудбалерите. Не можеме да зборуваме за натпреварувачка форма, тимот го градиме веќе три години и не сме во позиција да го менуваме секој собир. Тие фудбалери кои се повикани се најдобри во моментот, без разлика за формата. Секогаш се тука за Македонија и тоа е најважно и на прво место во моментот“, додаде Милевски.
Македонија против Летонија игра на 10 октомври во Рига, додека три дена подоцна не чека гостувањето во Ереван.