Дома Фудбал Хаос во Црна гора: Тренер беше погоден во глава! (Видео)

Хаос во Црна гора: Тренер беше погоден во глава! (Видео)

Дербито на шестото коло од црногорското првенство меѓу Петровац и Сутјеска беше обележано со серија инциденти на трибините, а по долготраен прекин, натпреварот заврши без голови.

Во центарот на вниманието, меѓу другото, беше и шефот на стручниот штаб на Сутјеска, поранешниот тренер на сараевски Железничар, Денис Ќориќ, кој беше погоден со тврд предмет во глава од страна на домашните навивачи.

Хаосот на теренот и трибините започна во 55. минута по дуелот меѓу Мердович и Тошковиќ во близина на шеснаесетникот на Петровац.

Кога главниот судија покажа црвен картон на играчот на домашниот тим, Марко Мердович, следуваа жестоки протести од фудбалерите на Петровац, додека од трибините кон теренот летаа тврди предмети.

Само по половина час неизвесност, делегатот на натпреварот, Славко Новаковиќ, одлучи дека натпреварот ќе продолжи откако трибините целосно ќе се испразнат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изјава која предизвика бурни реакции: Ќе ми биде чест да ја освојам Златната топка

Фабијан Руиз зад себе остави сезона каква што тешко би можел да повтори во остатокот од св…