
На Светското првенство во соќа, една од разновидните форми на фудбал, Бразил ја победи Албанија со внушителни 7:2, но по натпреварот се случија немили сцени.
Не е целосно јасно што ги изнервирало или испровоцирало албанските репрезентативци, но во еден момент настана вистинска физичка пресметка, при што бразилски играч се најде на земјата, опколен од Албанци.
Бразилците бргу реагираа и му пружија поддршка на својот соиграч, што резултираше со хаос кој потраја неколку минути.
Откако инцидентот беше спречен, Албанците се упатија кон секторот од трибините каде што беа нивните навивачи, и со голема еуфорија ги поздравија, оставајќи впечаток како тие да се победниците во оваа средба.
Светското првенство, инаку, се одржува во германскиот град Есен.