
Лестер Сити прими нов тежок удар. Поранешниот шампион на Англија доживеа пораз со 4:0 од Оксфорд Јунајтед на својот Кинг Пауер стадион во петтото коло од Лига Еден, третот ниво на англискиот фудбал, продолжувајќи го така лошиот старт на новата сезона.
Лестер по пет кола има само една победа. Сезоната ја отвори со реми 1:1 против Нотс Каунти, потоа домашен пораз од 2:1 од Бартон Албион, додека со МК Донс одигра 0:0. Првата победа ја оствари дури во вторник кога триумфираше со 2:0 против Плимут, но само четири дена подоцна настана дебакл против Оксфорд. Во меѓувреме, од Лига купот беше елиминиран од Ипсвич по пораз од 3:1.
Тимот ова лето го презеде Расел Мартин, поранешен тренер на МК Донс, Свонзи Сити, Саутхемптон и Ренџерс. Во јуни, Лестер му подари тригодишен договор, а неговата цел е да го врати клубот барем во Чемпионшип. Првите недели од новата сезона покажуваат дека таа задача нема да биде лесна.