Дома Фудбал Останато Белистојаноски по освоеното злато: Среќен сум, ја направив Македонија горда!

Белистојаноски по освоеното злато: Среќен сум, ја направив Македонија горда!

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски вчера ја освои првата златна медалја за Македонија на Медитеранските игри во Таранто, а по големиот успех не го криеше задоволството.

Особено емотивен момент за него бил оној кога го примил златниот медал и знаел дека во негова чест ќе биде интонирана македонската химна.

„Се почувствував горд во тие моменти затоа што знаев дека сите ќе стојат исправено на македонската химна, помислив на мојот клуб, моето семејство и колку горди ги направив со ова злато. Во ниту една борба немав притисок, бев сконцентриран и тактички подготвен, верував во себе во секој момент и тоа придонесе да го освојам ова злато и да ја направам Македонија горда. На сите ќе им препорачам да веруваат во себе, да тренираат и никогаш да не се откажуваат затоа што се е можно, никогаш не знаеме што може да донесе спортот“, изјави Белистојаноски.

За македонскиот каратист ова е исклучително успешна година. Покрај медитеранското злато, Белистојаноски претходно годинава се искачи и на европскиот врв, со што веќе има две големи титули.

Неговата следна голема желба е каратето повторно да добие место на Олимписките игри, каде што би се обидел да стигне и до олимписки медал.

„Ова е моја година затоа што станав и европски и медитерански шампион и тоа е голем успех, среќен сум што ја направив Македонија во горда. Но, јас сум млад и времето е пред мене, се надевам дека некогаш каратето ќе се врати на Олимписките игри и ќе имам можност да освојам олимписки медал“, истакна македонскиот каратист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Белистојаноски ѝ донесе златен медал на Македонија

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски се искачи на највисокото место на пиедесталот н…