Дома Фудбал ФФМ решава административни проблеми за две засилувања во репрезентацијата!

ФФМ решава административни проблеми за две засилувања во репрезентацијата!

Македонската фудбалска репрезентација би можела да добие неколку нови имиња за претстојните натпревари во Лигата на нации. Матеј Гаштаров веќе е потврден како нов репрезентативец, додека за уште двајца фудбалери се води битка со административните процедури.

Станува збор за Андреј Тодороски и Казимчан Караташ, кои со своите настапи во клубовите го привлекоа вниманието на селекторот Седлоски. Иако постои интерес тие да бидат повикани во националниот тим, во моментов главна пречка е обезбедувањето на потребната документација.

Тодороски настапува за ТСЦ, каде што пристигна од Спартак. Фудбалерот, кој поголем дел од детството и младоста го поминал во Австрија, поседува австриски пасош.

Слична е ситуацијата и со Караташ. Фудбалерот на актуелниот турски шампион Галатасарај речиси целата кариера ја мина во Турција, каде што настапуваше и за Алтај, Анкарагучу и Башакшехир. Во 2025 година имаше и кратка епизода надвор од Турција. За двајцата фудбалери во тек е процедурата за добивање спортски пасош, документ кој би им овозможил да го облечат дресот на Македонија.

Она што е најважно е дека желбата за настап за македонската репрезентација постои и кај Тодороски и кај Караташ. Останува административните пречки да бидат надминати навреме.

Македонија својот прв натпревар во новото издание од Лигата на нации ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров дебитира за Македонија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски на денешниот брифинг за…