Дома Фудбал Jaмал може да стане најмлад капитен во историјата на Барселона!

Jaмал може да стане најмлад капитен во историјата на Барселона!

Шпанскиот шампион, тимот на Барселона, денеска објави дека Бразилецот Рафинја ќе ја носи капитенската лента во претстојната сезона.

„Рафинја и Педри се прогласени за прв и втор капитен на тимот. Оваа одлука ја донесе тренерот Ханси Флик,“ но и преку интерно гласање, соопштија од Барселона.

Ерик Гарсија е назначен за трет капитен, а четвртата позиција ја задржува Френки де Јонг.

Петти на листата е Ламин Јамал, кој доколку некогаш ја носи капитенската лента, ќе биде најмладиот капитен во историјата на Барселона.

Рафинја игра извонредно оваа сезона, со пет постигнати гола во три одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

25 удари, само еден бод: Сандерленд скапо ги плати промашувањата во Полска

Тимур Тутјеров го постигна најбрзиот гол сезонава во Лига Европа, но Лех Познањ преку Март…