Дома Фудбал Во Бундеслигата се постигна вистински еврогол! (Видео)

Во Бундеслигата се постигна вистински еврогол! (Видео)

Штутгарт стигна до убедлива победа од 4-1 против Келн во второто коло од Бундеслигата, со што ја запиша првата победа во новата сезона.

Дуелот беше одбележан и со вистинска мајсторија во самиот финиш. Џош Вагноман во 90. минута постигна спектакуларен гол и ги постави конечните 4-1.

Германскиот дефанзивец одлично ја дочека топката и без да чека, со прецизен удар од прва ја смести во мрежата. Голманот на Келн беше целосно немоќен да го спречи овој одличен погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осум гола на седум меча: Младиот Варела го привлече вниманието на Арсенал

Густаво Варела блеска по преселбата од Бенфика во Монца. Арсенал го следи 21-годишниот нап…