Репрезентацијата на Македонија во следните два натпревари во Лигата на Нации ќе игра против Летонија и Ерменија, а на списокот помеѓу повиканите го немаше Кристијан Трапановски.
Трапановски кој за првпат доби повик минатиот собир сега не е во составот поради повреда. Фудбалерот на Данди Јунајтед ќе биде надвор од терените четири до шест недели.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„За жал повторно имаме повредени играчи. Трапановски нема да биде со нас поради повреда која ја заработи на тренинг и ќе паузира четири до шест недели. Се надевам ќе биде спремен. Дарко Велковски се уште нема клуб и не е во потребната форма“, изјави Милевски.
Фудбалерите кои ги повика Милевски (ТУКА).