Дома Фудбал Изјава која предизвика бурни реакции: Ќе ми биде чест да ја освојам Златната топка

Изјава која предизвика бурни реакции: Ќе ми биде чест да ја освојам Златната топка

Фабијан Руиз зад себе остави сезона каква што тешко би можел да повтори во остатокот од својата кариера. Со него Пари Сен Жермен го освои Лига 1 и Лигата на шампионите, а потоа со Шпанија стана светски шампион. Поради сето ова, тој јавено проговори и за Златната топка.

Сепак, неговата изјава изненади многу љубители на фудбалот. Руиз не беше често споменуван меѓу главните кандидати за престижната награда, но овој играч на средниот ред на Пари Сен Жермен смета дека има легитимно право да сонува.

Шпанецот истакна дека освојувањето на Златната топка би било исполнување на еден сон за него. Според него, секој професионален фудбалер посакува признание за своите напори и постигнувања, особено по сезона како таа што ја имаше, кога освои речиси сите главни трофеи.

„Мислам дека е сон на секој фудбалер да добие индивидуално признание за сите трудови што ги вложил во една или повеќе сезони“, изјави Руиз. Посочи дека во текот на својата кариера повеќе постигнувал со тимот, отколку како поединец. Токму затоа сега има желба да направи уште еден чекор напред.

Руиз е свесен дека конкуренцијата за Златната топка никогаш не била поинтензивна, но не сака да се откаже од шансата да се најде блиску до врвот. Очигледно е дека амбициите значително му пораснаа по најдобрата сезона во неговата кариера.

„Имав среќа да освојам многу тимски трофеи, но помалку индивидуални. Зошто оваа година не би сонувал да бидам што поблиску до освојувањето на оваа вистински посебна награда? Би било голема чест да ја подигнам Златната топка“, нагласи шпанскиот репрезентативец.

Зборовите на Руиз веднаш предизвикаа многу реакции на социјалните мрежи. Некои фанови сметаат дека играчот на средниот ред на Пари Сен Жермен нема реални шанси да ја освои оваа награда, а други ја дочекаа неговата изјава со подбив.

Еден навивач се праша како е можно Фабијан Руиз да се поврзува со Златната топка воопшто, додека друг му порача дека може да продолжи да сонува. Сепак, неговата сезона не може да се процени само според бројот на голови и асистенции.

Руиз имаше извонредна улога во средината на теренот на Пари Сен Жермен. Неговата задача не беше секогаш толку атрактивна или видлива како онаа на напаѓачките ѕвезди, но тој донесуваше баланс, контрола и сигурност на тимот во најважните натпревари.

Пари Сен Жермен минатата сезона конечно го освои долгоочекуваниот трофеј во Лигата на шампионите. Покрај тоа, парижани го освоија и француското првенство. Руиз беше еден од играчите на кои се потпираше стручниот тим во текот на целата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса тргна во акција по најдобриот играч од Серија А!

Федерико Димарко моментално е веројатно најдобриот фудбалер во Серија А, а овој 28-годишен…