Вечерва се комплетираше списокот врзан за директниот пласман и баражот за СП во Русија. Португалија успеа директно да се пласира на Мундијалот откако во судирот со Швајцарија славеше со 2:0, а воедно беше дуел кој ќе го одлучи патникот за Мундијалот избегнувајќи бараж. Џуру постигна автогол во 41. минута од мечот, а конечниот резултат го постави Силва во 57. минута. …