
Реал Мадрид вчера одигра пријателски натпревар против Фиорентина, а натпреварот заврши со нерешен резултат 2:2.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мурињо не беше задоволен од настаните на овој натпревар, ниту од конечниот резултат, и ја напушти теренот веднаш по последниот свиреж.
Мурињо не се поздрави со ниту еден играч, ниту на Реал Мадрид, ниту на Фиорентина.
Јасно е дека не е задоволен од играта на многу играчи, ниту од начинот на којшто тренираат, но еден играч успеа да го импресионира.
Трент Александер-Арнолд остава одличен впечаток за време на припремите и сè повеќе покажува зошто е донесен како големо засилување.
Како што пишува шпанската Марка, англискиот репрезентативец го импресионираше Жозе Мурињо и членовите на неговиот стручниот штаб со досегашната работа.
Се наведува дека Трент од првиот ден покажа исклучителна желба и мотивација на тренинзите.