Дома Фудбал Германија е на нозе: Хари Кејн донесе одлука за иднината

Германија е на нозе: Хари Кејн донесе одлука за иднината

Напаѓачот на Бајерн Минхен и репрезентативец на Англија, Хари Кејн, донесе одлука во однос на својата фудбалска иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последните неколку недели во странските медиуми се шпекулираше многу за иднината на Кејн, а се споменуваше и негово враќање во Англија.

Меѓутоа, денеска доаѓаат информации дека овој извонреден напаѓач донесе одлука и дека нема намера да ги напушти редовите на германскиот шампион.

Истовремено, Кејн изрази желба да игра на следното Светско првенство за четири години, кога ќе има 37 години.

Странските медиуми пишуваат дека Кејн наскоро ќе започне преговори со челните луѓе на Бајерн за нов договор, а наводно не би требало да има проблеми, бидејќи двете страни сакаат да ја продолжат соработката.

Тековниот договор на Кејн со Бајерн е до летото 2027 година, но се очекува новиот договор да се потпише до летото 2029 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ му украде големото засилување на Јувентус

Париз Сен Жермен е на чекор од доведување на еден од најбараните млади голмани во Европа. …