
Арсенал го постигна договорот за пристигнување на капитенот на Њукасл, Бруно Гимараес, во трансакција вредна 80 милиони фунти, односно приближно 94 милиони евра, објави Гери Џејкоб од The Times.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бруно Гимараес треба да го помине медицинскиот преглед во понеделник, по што се очекува потпишување на петгодишен договор со актуелниот англиски првак. Клубовите се уште го немаат службено потврдени трансферот.
Според информациите на The Times, Арсенал треба да плати 70 милиони фунти, односно околу 82 милиони евра, додека дополнителни десет милиони фунти – приближно 12 милиони евра – ќе зависат од бонуси. Вкупната вредност на трансакцијата може да достигне 93,6 милиони евра.