Сречко Катанец го напушти кормилото на словенечката репрезентација, а Фудбалската федерација на Словенија веднаш најде негова замена.
Како што пренесуваат тамошните медиуми Роберт Просичечки веќе постигнал преддоговор со Федерацијата на Словенија и наскоро ќе биде именувам за нов селектор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Словенија неславно ги заврши квалификациите за мундијалот во Русија во групата со Англија, Словачка, Шкотска, Литванија и Малта и го освои четвртото место, по што Катанец најави заминување.
Просинечки во квалификациите за пласман на Светското првенство ја предводеше селекцијата на Азербејџан и освои 10 бода. Хрватот во текот на денот треба да пристигне во Љубљана и да го официјализира договорот.