Аргентина вечерва гостува кај Еквадор во последниот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство во Русија.
„Гаучосите“ немаат право на кикс. Вечерва мораат да слават или барам да ремизираат со што би избориле пласман на СП или пак пласман во баражот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите очи секако се вперени кон Лионел Меси кој ќе се обиде како капитен да ја одведе Аргентина до нов успех. Сигурно дека доколку Меси и друштвото не се пласираат на Мундијалот тоа би било голем неуспех. Замислите само фудбалери како Игуаин, Дибала, Меси и Икарди да не настапат на Мундијалот.
„Ако го имате Меси тогаш имате човек кој може да ја спаси ситуацијата. Тој е тука да ја извлече Аргентина. Навистина би било тажно за Лео и останатите да не одат на Светското првенство. Мислам дека Меси е магичен како Марадона и дека ќе ги одведе момците на Мундијалот“, изјави Цезар Луис Меноти, поранешниот селектор на Аргентина
Аргентина одлучувачкиот натпревар го игра вечерва после полноќ.