Дома Фудбал Алонсо конечно ја отвори душата и проговори за тешкиот период во Реал: Добив лузна, но…

Алонсо конечно ја отвори душата и проговори за тешкиот период во Реал: Добив лузна, но…

Чаби Алонсо денес е фокусиран на новиот предизвик во улога на тренер на Челси, но спомените за периодот поминат во Реал Мадрид сѐ уште се тема за која често го прашуваат.

Шпанскиот тренер одлучи искрено да зборува за времето кое не заврши како што посакуваше.

Во разговор за “The Athletic”, тој призна дека од тоа искуство извлече многу поуки кои денес се обидува да ги примени во својата тренерска кариера.

Алонсо не криеше дека заминувањето од Мадрид му падна тешко, но истакнува дека со текот на времето успеа да ја согледа целата ситуација од поинаква перспектива.

Нагласи дека токму тоа искуство придонесе за неговиот развој како тренер и како личност.

Посебно истакна дека после сето беше мошне критичен кон сопствената работа.

Шпанскиот тренер порача дека не барал изговори ниту ја префрлал одговорноста на други.

Наместо тоа, се обидуваше да ги анализира сопствените одлуки и да најде начин да излезе посилен од сѐ. Со таа прилика даде многу емотивна изјава.

“Добијав лузна, но сега заздраве. Кога ќе се вратам назад, паметам и позитивни нешта, но и она што не функционираше. Бев многу самокритичен и размислував што можев да направам подобро, бидејќи нештата не се одвиваа како што очекував.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерот кој требаше да биде големо засилување за Вардар заврши во Украина

Жерсон Родригез брзопронајде нов ангажман по заминувањето од Вардар. Само неколку недели о…