Германија квалификациите за СП ги заврши со максимален учинот, 10 победи од исто толку натпревари и со импресивна гол разлика 43:4. Притоа за „панџирите“ погодија вкупно 21 фудбалер, што е навистина неверојатно!
Поради тоа селекторот Јоаким Лев ќе има големи грижи пред Светското првенство – како да избере само 22 фудбалери кои ќе патуваат во Русија!?
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германија има толку широк кадар што може, без проблем, да состави дури четири екипи кои би можеле да се борат за медал на Мундијалот.
Нормално, најсилната германска постава е онаа со најзвучните имиња. На голот Мануел Ноер, во одбраната Кимих, Боатенг, Хумелс и Хектор. Средниот ред треба да го сочинуваат Кедира, Крос и Озил, а напред Милер и Марко Ројс позади Тимо Вернер.
Постои можност во врвот на нападот да биде Милер, а од идеалните 11 да испадне Ројс кој има проблеми со повреди, па на негово место да се наде Дрекслер.
Номинално втората постава е Тер Штеген на голот, Хенрих, Шуле, Рудигер и Платенхард во дефанзива. На средина се наоѓаат Јулијан Вајгл и Руди, а пред нив Сане, Горецка и Дрекслер. Во самиот напад во вториот тим би играл Марио Гомез кој е миленик на Лев.
Ако мислите дека останатите два тима ќе бидат послаби, се излажавте: Третата постава е: Лено – Ховедес, Мустафи, Тах, Толјан – Емре Чан, Гундоган, Јунес – Геце, Филип и Вагнер.
Четвртата: Трап – Висер, Гинтер, Орбан, Герхард – Дохуд, Демирбаи, Воланд – Гнабри, Јулијан Брант и Штиндл.