Дома Фудбал Славје во Неапол: Де Лаурентис најави уште посилен Наполи

Славје во Неапол: Де Лаурентис најави уште посилен Наполи

Наполи вчера на спектакуларен начин прослави 100 години од постоењето на клубот. Церемонијата започна со сечење на лентата на Плоштадот Карита, а главниот настан се одржа на Плоштадот Плебишчито, со присуство на бројни легенди на клубот, како и сегашните играчи и тренери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се разбира, централниот говор го одржа претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис кој нагласи дека Наполи сега е посилен од кога било, но ги увери навивачите дека можат да очекуваат уште подобри резултати.

Најави и снимање на филм за 100 години од постоењето на клубот, а имаше и интересно обраќање до новиот тренер Макс Алегри.

”Сакаа Ферлайно да биде филмски продуцент… Маурицио Де Ѓовани го пишува сценариото за ‘100 години страст’, се надеваме дека филмот ќе биде објавен во ноември. Моето најубаво сеќавање? Имаше многу: промоцијата од Серија Ц во Серија Б и од Серија Б во Серија А… Се чувствувам како победник, а можеби сум и премногу победувал… Кога стигнувате до Европа 16 пати, тоа станува нужност и обврска за сите. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски се претстави во МЛС со два гола (ВИДЕО)

Роберт Левандовски ги постигна своите први два гола во МЛС и го предводеше Чикаго Фајр до …