Дома Фудбал Салах пред сензационален трансфер откако му пропадна преселбата во Бешикташ

Салах пред сензационален трансфер откако му пропадна преселбата во Бешикташ

Вистински трансфер трилер се одвива во Турција. Според информациите на познатиот спортски новинар и инсајдер Санти Аоуне, Трабзонспор е на прагот да направи еден од најголемите пресврти на фудбалскиот пазар и во своите редови да го доведе Мохамед Салах.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трабзонспор реагираше исклучително брзо и влезе во напредни преговори со агентот на египетскиот напаѓач. Раководството на турскиот клуб се наоѓа на чекор до постигнување целосен договор со играчот, со што би направиле вистински трансфер потфат.

Поради овој изненаден и воедно агресивен потег на ривалот, Бешикташ официјално ги прекина сите натамошни преговори со таборот на Сала до понатаму.

Работите се толку интересни, бидејќи истанбулскиот клуб веќе имаше усмен договор со Египќанецот. Понудата на Бешикташ вклучуваше договор на една година со опција за продолжување на уште една, со загарантирана нето плата од 10 милиони евра по сезона и дополнителни 2 милиони евра преку бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше на „листата за отстрел“ кај Мурињо, но сега „Специјалниот“ го гледа како „недопирлив“!

Реал Мадрид вчера одигра пријателски натпревар против Фиорентина, а натпреварот заврши со …