Дома Останати Тенис Aлкараз искрено зборуваше за Ѓоковиќ

Aлкараз искрено зборуваше за Ѓоковиќ

Вториот светски тенисер во светот, Карлос Алкараз му честиташе на Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП листата на крајот на тениската сезона.

Ѓоковиќ оваа година освои три грен-слем титули и два мастерса, а изгуби финале на Вимблдон токму од младиот Шпанец.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


„Нема дилеми дали го заслужи или не. Освои три грен-слем титули и играше финале на четвртиот. Мастерси, колку? Два или три? Изгуби пет мечеви цела сезона. Тоа е неверојатно. Навистина импресивно“, изјави Алкараз.

Алкараз се бореше со Ѓоковиќ за првото место, но не успеа да одигра добро во завршницатан а сезоната.

„Се борев за првото место и имав шанса на турнирите кои ги игав оваа есен, но не ја искористив. Се што можам кажам е да му честитам, осми пат ја заврши годината како прв во светот. Следната година се надевам повторно ќе имаме голема борба“, додаде Шпанецот.

Шпанскиот тенисер на завршниот турнир во Торино на стартот беше поразен од Александар Зверев со 2:1 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Големо изненадување: Ѓоковиќ не е прв фаворит за освојување на Ролан Гарос!

Според светските обложувалници, Новак Ѓоковиќ во овој момент иако е на врвот на АТП листат…