Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми заврши како седми најдобар фудбалер во последните 50 години во хрватскиот фудбал. Гласањето кое го спроведе „Вечерњњи лист“ траеше скоро еден месец.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Адеми со Динамо сруши многу рекорди и долгогодишен капитен на овој убедливо ги помина првите две фази и в лезе во топ десет на последното гласање. Од читателите Адеми освои 8.8% од гласовите и беше четврти додека редакцијата на „Вечерњи лист“ го смести на 10-тото место, па така во вкупниот поредок се најде на седмата позиција.
Убедливо најдобар фудбалер во Хрватска во последните 50 години е Лука Модриќ, најдобриот светски фудбалер за 2018 година, втор е Давор Шукер, а трет Роберт Просинечки. Пред Адеми завршија и Зонимир Бобан, Марио Манџукиќ и Иван Ракитиќ.
Минатата недела Адеми истакна дека му претставува голема чест самата номинација меѓу 50-те најголеми фудбалери во Хрватска.